SPORTM.mk
Мурињо сака англиски судири во четвртфиналето на ЛШ
[ad_1]
Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се надева дека ќе следи натпреварите меѓу англиски тимови во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ждребот ќе биде извлечен денеска во Нион од 12:00 часот по македонско време.
– На прво место би сакал да видам битки меѓу англиски клубови, тоа би било многу интересно. Потоа сакам средба меѓу Ајакс и Порто. Влегување во следната фаза би имало огромно значење како за холандскиот, така и за португалскиот фудбал, изјави Мурињо.
Тој додаде дека не би сакал да ги гледа Јувентус и Барселона во оваа фаза и дека таков натпревар би бил подобро да се случи во подоцна во турнирот.
За четвртфиналето се пласираа Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Јувентус, Барселона, Порто и Ајакс.
[ad_2]
Извор: Netpress