Connect with us

Фудбал

Мурињо: Венгер беше последниот „мохиканец“, тоа денеска е невозможно

Стратегот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека во денешно време невозможно е еден тренер да остане во ист клуб 20 години, како што беше случајот со Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер. Според него, Венгер беше последниот и во денешно време такво нешто не е возможно.

-Дваесет години во еден клуб? Мислам дека тоа е невозможно. Модерен живот, нови технологии, социјални мрежи, сето тоа влијае, дури и менталитетот на луѓето, брзите односи, луѓето брзо се изморуваат. Многу работи се менуваат, не само во фудбалот, туку генерално. Затоа мислам дека Венгер беше последниот „мохиканец“ изјави Мурињо.