Connect with us

Фудбал

Муслиу: „Ќе се обидеме повторно да ја израдуваме јавноста“

Репрезентацијата на Македонија е подготвена да ја заврши 2017 со позитивен резултат против Норвешка. Првата победа во меѓусебните дуели против Норвешка ќе ја бараме утре во 18:30 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Репрезентативецот Висар Муслиу е убеден дека позитивната атмосфера ќе ја пренесат и на теренот против Норвешка;

Подготовките минуваат во најдобра атмосфера, сите се позитивни и посакуваме нов успех. Треда да го наметнеме нашиот стил на игра. Да бидеме позиционирани на вистинско место, да покриеме таму каде што треба и секако, да се обидеме да нападнеме. Многумина зборуваат за нашите резултати оваа година и навистина ни е драго заради тоа, ќе се обидеме повторно да ја израдуваме јавноста, изјави Висар Муслиу.