Тајмаут
МВР го истражува случајот со Алиоски во Прилеп
Што точно денеска се случило во Прилеп и дали навистина поради говорењето на албански јазик, фудбалерот Езџјан Алиоски и неговите најблиски биле избркани од локал во Прилеп ќе треба да открие истрагата.
Од МВР за SPORTM.mk потврдуваат дека кај нив е пристигната таква пријава и дека веќе работат на случајот.
Езџјан Алиоски e македонскиот репрезентативец и еден од нашите најдобри фудбалери кој против Полска и Австрија одигра машки и тоа со повреда.
Имено како што самиот тој вели, додека бил во еден ресторан заедно со своето семество, бил „замолен“ да стане и да си замине, а причината била во тоа дека тој со своите најблиски говорел на албански јазик, оној на кој што говори. Навистина срамно и за секаква осуда.