Connect with us

Ракомет

МВР потврди, зголемено полициско присуство во центарот на Скопје, откако навивачите на грчки ПАОК предизвикале инциденти

Поради пријава за нарушен ред и мир од навивачка група има зголемено полициско присуство на прометната сообраќајница во центарот на Скопје позната по локалот „Рекорд“. Од МВР за МИА посочуваат дека се утврдуваат деталите за што точно се работи, а кога ќе имаат повеќе информации ќе ги соопштат на јавноста.

Инаку, попладнево во центарот на Скопје, се случил помал инцидент што го предизвикале грчки навивачи, објавија неколку домашни медиуми.

Според сведоштва на граѓани, групата навивачи кои веројатно биле дојдени за напреварот меѓу женските ракометни тимови на Металург и Паок, што се играше денеска во Скопје, се симнале од автобусот кај Рекорд, а потоа се упатиле кон плоштадот.

Попатно, вербално и физички нападнале момче кое носело дрес на Вардар, а потоа вербално нападнале и вработена во една од продавниците во центарот каде украле неколку шишиња со вода.

До посериозен инцидент не дошло поради брзата реакција на полицијата, која ја изолирала групата, а потоа ја испратила до автобусот.

Инаку, Металург го загуби и денешниот реванш напревар со шампионот на Грција во второто коло од Европскиот куп.

Навивачи на грчки ПАОК во центарот на Скопје нападнале момче со дрес на Вардар(ВИДЕО)