Connect with us

Кошарка

МЗТ против Ловќен брка трета победа во АБА 2

Македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром вечер од 19 часот е домаќин на Ловќен во обид да ја постигне третата победа во АБА 2 лигата.

„Сино-белите“ претходно го совладаа Хелиос и Борац Чачак, а загубија од Приморска.

– Станува збор за екипа која никако не смееме да ја потцениме. Очекувам од моите играчи да влезат со максимален пристап во натпреварот и да продолжат да го даваат тоа што од нив се очекува. Исто така, помошта од публиката е секогаш од големо значење за нашата екипа. Им ветуваме на сите наши фанови кои ќе дојдат да не бодрат, дека дома нема да си заминат разочарани од нашата борбеност и залагање, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов за веб страницата на МЗТ.

Црногорците стартуваа со минимална победа над Рогашка (72:71), по што следеа два порази во низа и тоа од Сутјеска (71:81) на гости и Спарс (68:74) на домашен терен.