Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје го преслуша Спарс

Кошаркарите на МЗТ Скопје се враќаат со победа од гостувањето во Сараево против Спарс со 75:71 во натпреварот од 11.коло во АБА 2 лигата.

Со овој втор триумф во серија, „металците“ со 19 бода се искачуваат на втората позиција на табелата зад лидерот КК Приморска со 22 бода.

Џејмс Вудард беше најефикасен  со 24 поени дополнети со пет скока, две асистенции и четири украдени топки, додека Иве Иванов запиша 19 поени, шест скока и две асистенции.