Кошарка
МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија во АБА2 лигата и славеше над Рогашка
Избраниците на Ѓорѓи Кочов вечерва славеа по трет пат откако со 74-54 ја победија екипата на Рогашка во СЦ „Јане Сандански“.
Словенците ја добија тесно првата четвртина со 20-19 за да во вториот период „металците“ бидат подобри со 15-5 и го преземат водството кое потоа не го испуштија до самиот крај.