Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје ја запиша и првата гостинска победа во АБА 2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа и петтата победа во АБА 2 лига, откако на гостински треен слаеав над Вршац со 95:88, во рамки на седмото коло од Регионалната лига.

Ова е прва победа на гостински терен во ова натпреварување за „Металците“, а најзаслужен за триумфот беше Андрија Бојиќ со 29 поени и пет скокови.

Следниот натпревар во АБА 2 лигата МЗТ Скопје го игра на домашен терен на 15. ноември против Динамик.