Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје не го дава „Јане Сандански“

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога во дуелот против Сутјеска, откако во СЦ „Јане Сандански“ славеа со 94:73, во мечот од 10 коло од АБА 2 лигата.

„Металците“ остануваат несовладливи на домашен терен во АБА 2 лигата, запишувајќи ја седмата победа сезонава во ова натпреварување по која моментно се на втората позиција на табелата.