МЗТ Скопје со 110 поени и 19 тројки ја „прегази“ Слобода

МЗТ Скопје Аеродром, со убедлива победа стартуваше во новата сезона во втората АБА лига.

На првиот натпревар од новата сезона совладана е Слобода Тузла во салата „Јане Сандански“ со убедливи 110:88. Нуни Омот со 33 поени имаше фантастична партија во дресот на македонскиот првак. Американецот со кенијско потекло, даде шест тројки од шест обиди, а за двојка шутираше 7/8.

Дамјан Стојановски придонесе со 16, Бојан Крстевски со 13, Андреј Магдевски со 12, а Џабари Хиндс и Андреј Маслинко со по 11 поени. МЗТ погоди дури 19 тројки од 31 обид.

Во следното коло на 9 октомври, „металците“ гостуваат кај Спарс во Сараево, тим кој стартуваше со домашен пораз од Рогашка.