Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје со 14 уфрлени тројки го „торпедираше“ Широки

МЗТ Скопје стигна до петтиот триумф во АБА2 лигата откако вечерва со 83:71 славеше во дуелот Широки Бријег од (БиХ). Со скор од 6-2 и 14 бодови, МЗТ се најде на второто место на табелата со два бода заостанување зад Борац.

Клучен статистички елемент за триумфот беа големиот број погодено тројки, вкупно 14 и доминацијата во скок играта (37-26).

Џабари Хиндс беше најефикасен во сино-белиот табор со 17 поени и шест асистенции, додека зад него беа Стојановски и Андреј Магдевски со по 13 поени на кои додадоа пет скока односно шест асистенции.

За точно една недела, МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра следниот дуел в АБА2-лигата и тоа на гостински терен против српскиот претставник Динамик.

Претходно, в недела, се игра дербито во домашното првенство против најголемиот Работнички.