Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје во драматична завршница преку слободни фрлања го „сруши“ тимот на Нови Пазар

Објавено:

Кошаркарите на МЗТ Скопје остануваат непоразени на домашен терен, откако вечерва, во неверојатно драматичен меч, со двете прецизно изведени слободни фрлања на Ерон Харис на пет десетинки до крајот го совладаа Нови Пазар  со 89-87.

Сино-белите дојдоа до шести триумф по ред во Аеродром и со вкупен скор 8-2 го продолжија притисокот врз лидерот на табелата во АБА2-лигата, Борац Чачак.

Јунакот Харис беше и најефикасен со 18 поени, Бојан Крстевски постигна 16 поени, додека Џабари Хиндс и Андреј Магдевски реализираа по 14 поени. Тодоровиќ средбата ја заврши со 23 поени.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама