Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје во инфаркт завршница поразен од Приморска

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа првиот домашен пораз во АБА 2 лигата сезонава, откако во дербито од регионалното натпреварување загубија во СЦ „Јане Сандански“ од лидерот Приморска со минимални 78:77.

Откако во инфаркт завршница го загуби и првиот меч од истиот ривал во Словенија, тимот од Аеродром и денеска беше на чекор до победата, но гостите со поените на Шишко на една секунда до крајот стигнаа до цел плен. Бојиќ се покажа како трагичар за овој пораз на „металците“, кој прво во одбраната му дозволи на Шишко да поентира, а потоа промаши зицер во последната секунда со кој можеше да триумф на својот тим. Ова е петти пораз за избраниците на Ѓорѓи Кочов во АБА 2 лигата.

Најефикасен кај македонскиот претставник беше Бојиќ со 20 поени и десет скокови, Вудард постигна 19, а Иванов 17 коша.

Во следното коло, МЗТ Скопје му гостува на тимот на Ловќен во Црна Гора.