Ракомет
На 500 навивачи кои останаа пред салата во Битола ќе им бидат вратени парите
Повеќе од 500 навивачи вечерва останаа пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Спорт М за оваа ситуација став побара и од организаторите кои велат дека парите ќе им бидат вратени на сите оние кои купиле билет, а останале надвор од салата.
Како дојде до оваа состојба, засега нема одговор. Спорт М неофицијално дознава дека изработени се фалсификат влезници и поради тоа дојде до целосно исполнување на салата.
Жешка е атмосферата во спортската сала, а надвор од салата гневни се љубителите на ракометот кои не успеаа да го следат натпреварот.