Connect with us

Тајмаут

На денешен ден е роден Дражен Петровиќ

Дражен Петровиќ, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, е роден на денешен ден (22 октомври) во 1964 година во Шибеник.

Поранешниот репрезентативец на Југославија и Хрватска загина во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993 година. Тогаш хрватскиот кошаркарски великан имаше 28 години.

Кошаркарскиот „Моцарт“ кратката, но импресивна кариера, ја почна во Шибенка, па премина во Цибона. Продолжи во Реал Мадрид, од каде отиде во НБА во тимот на Портланд. Последен негов клуб беше Њу Џерси.

Петровиќ освои многу медали во репрезентативните и клупските натпреварувања.