Тајмаут
На интернет пребарувала колку пари има, па отишла во полиција да го пријави силувањето
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди (28) се соочува со повеќегодишна затворска казна поради силување.
28-годишниот Французин беше обвинет за осум точки за силување и една точка за сексуален напад и моментално му се суди.
Во претходните денови, девојките открија страшни детали околу наводните силувања што се случиле во домот на ѕвездата на Сити помеѓу 2018 и 2021 година кога Менди беше уапсен.
Вчера една од жените сведочеше дека одбила да има секс со Менди, но дека тоа било како да разговара со ѕид и дека на крајот била силувана.
Сепак, адвокатката на фудбалерот на Сити, Елеонор Лувс објави интересен податок. Пред наводното силување, неименуваната девојка на интернет барала колку пари има фудбалерот на Сити.
Таа користела пребарување на Google за „вредноста“ на фудбалерите, а потоа во февруари годинава го пријавила силувањето во полиција.
„Зошто би проверил колку пари има пред да одиш во полиција?“, ја прашал адвокатот девојката, а таа прашала за датумот кога го направила тоа.
„Зошто ве интересираше колку заработува и колку пари има на 17 јануари годинава“, беше следното прашање, а наводната жртва одговори.
„Тоа не ме интересираше, но бидејќи ги видов сите вести и ме прашаа за него, решив да истражувам за него“.
Судењето на 28-годишниот фудбалер ќе продолжи и во наредниот период, а му се заканува казна затвор од пет до 20 години.
Бенџамин Менди е суспендиран од Манчестер Сити од летото 2021 година поради сите случувања, а во овој клуб пристигна во летото 2017 година за тогаш рекордни 52 милиони фунти за дефанзивец.
Вкупно овој лев бек одигра 75 натпревари за Граѓаните. Постигна два гола и беше дел од тимот кој освои три титули во англиската лига.