Фудбал
На кого да му се верува? Венгер за Би-Би-Си: Не сум преговарал со Баерн Минхен
Германскиот „Билд“ објави дека Арсен Венгер ќе биде привременото решение за клупата на Баерн Минхен и дека до крајот на викендов треба да го преземе тимот. Сепак, самиот Французин за Би-Би-Си изјави дека не преговарал со Баерн.

-Никогаш не ги одбивам разговорите со Баерн, бидејќи ги познавам луѓето кои го водат клубот веќе 30 години. Бев блиску до нивната клупа, некогаш, одамна. Но, сега, во скоро време, не сме разговарале на таа тема, а прашање е и дали ќе разговараме, изјави Венгер.