Connect with us

Кошарка

На македонските кошаркари им треба поддршка, влезот за првиот меч од квалификациите е слободен!

Македонската кошаркарска репрезентација в четврток ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. На 27 ноември, влезот во СРЦ „Кале“ каде ќе гостува репрезентацијата на Азербејџан, ќе биде слободен.

– Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен, објави КФСМ.

Ова ќе биде прв натпревар за македонските кошаркари во групата „А“ од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029.