Connect with us

Тајмаут

На Максим од Вардар денеска му е роденден

Денеска својот 22-ри роденден прославува фудбалерот на Вардар Максим Максимов.

Максимов е роден на денешен ден во 1995 година во рускиот град Воронеж. Откако настапува за локалниот тим Факел, заминува во Литванија каде што игра за екипите на Атлантас и на Тракаи. Во последните денови од летниот преоден рок 2017 година, се сели во редовите на Вардар. Тој се уште го чека првиот гол во дресот на „црвено-црните“.

Фудбалскиот клуб Вардар на Максимов му посакува многу среќа, здравје, успешни настапи во дресот на Вардар со многу голови и со трофеи во сите натпреварувања.

Среќен роденден Максим!

С днем рождения Максим!