Connect with us

Фудбал

На Милан очајнички му требаат пари, продажба на тројца за заработка

Милан се наоѓа во незавидна ситуација кога се во прашање финансиите, а еден од начините да се реши проблемот е продажбата на играчи. Според „Газета дело Спорт“ на „Сан Сиро“ размислуваат да продадат тројца.

Прв на списокот е Рикардо Родригез, за кого се заинтересиран неколку германски тимови, но и Наполи.

Втор е Франк Кеси, за кого исто така има интерес од новиот тренер на Наполи Џенаро Гатузо, под чие раководство во Милан овој играч покажуваше одлични партии.

На крајот Милано би можел да го напушти и Сусо.