На пет дена пред стартот на сезоната, згасна кошаркарскиот клуб АВ Охрид

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид се повлече од Првата лига на пет дена пред почетокот на сезоната. За оваа одлука преку писмо е известена и Кошаркарската федерација. Сега се бара клуб кој ќе го завземе нивното место и ќе ја пополни лигата.

Според пишувањата на порталот Ohridnews, кошаркарите вечерва ќе имаат средба со раководсвото на тимот, на која ќе им биде соопштена одлуката на сопственикот Милчо Донески. Според информациите, тој се откажал од спонзорирањето на клубот бидејќи не можел да ги издржи финансиските трошоци.

Ова секако е изненадувачка одлука ако се знае дека клубот го назначи Марјан Илиевски за тренер, а ангажираше уште неколку квалитетни кошаркари.

АВ Охрид во четиригодишното постоење една сезона играше во Втората лига а три сезони беше дел од кошаркарската елита. Клубот пред две сезони беше дел и од АБА лигата.