Connect with us

Тајмаут

На поранешниот играч на Ливерпул откриен тумор на мозокот

Поранешниот фудбалер на Селта, Виљареал, Њукасл, Ливерпул и Сарагоса, Хозе Енрике, лекарите забележале тумор на мозокот и не постои сомнеж дека пред Шпанецот е “натпреварот за живот”.

По прошталната сезона од активното учество во фудбал поради честите повреди коленото, 30-годишниот Шпанец утрово на социјалните мрежи  сподели вести дека му е констатиран тумор на мозокот и дека зад него е најлошата недела од неговиот живот.

Тој, исто така, потврди дека операцијата е успешна и дека е во процес на рехабилитација.

“Во рок од еден месец, сфатив дека имам ретка форма на рак на мозокот и имав операција. Сега сум во процесот на рехабилитација и сум благодарен на Бог затоа што операцијата успешно помина, животот е премногу скапоцен”, заклучи Енрике.

Шпанецот во овој “натпревар” дека не е сам покажа и Ливерпул, кој е на својот профил на Фејсбук, го поддржа неговиот поранешен играч кој е на сликата во болнички кревет во друштво на неговата сопруга, за која тој вели дека е најголема поддршка во оваа битка.

Wishing you a full and speedy recovery, Jose. Our thoughts are with you and your family. ❤️#YNWA

Gepostet von Liverpool FC am Samstag, 23. Juni 2018

Освен неговиот поранешен клуб, поддршка доби и од некои од најголемите ѕвезди на денешницата, како што Филипе Кутињо, Луис Суарез, Паоло Дибала, Кејлор Навас, Пепе Реина, и многу други.