Кошарка
На Портланд не им помага ниту Кармело Ентони, незапирливи Дејвис и ЛБЈ
По повеќе од една година, Кармело Ентони се врати на паркетот во НБА.
Еден од најдобрите стрелци во најсилната лига на светот во последните 15 години го одигра своето деби за Портланд Трејл Блејзерс, но беше поразен на гостување со резултат 115: 104 против Њу Орлеанс Пеликанс.
Ентони веднаш по враќањето се врати во првите пет. Тој го погоди првиот шут, но во продолжението немаше мирна рака, па на крајот постигна 10 поени (4 од 14) за 23 минути.
Јруе Холидеј со 22 и Брендон Инграм со 21 поен ги предводеа Пеликанците до триумф, додека во отсуство на Дамјан Лилард, додека кај Трејл Блејзерс најдобвар беше Мек Колум кој постигна 22 поени.
Трејле Блејзерс се очајни за новата сезона и во моментов се наоѓаат на претпоследното место на Западната конференција со сооднос од пет победи-десет порази.
Лос Анџелес Лејкерс повторно ја презедоа улогата на најдобриот тим во лигата, а до 12-та победа сезонава дојдоа против Оклахома Сити Тандер со резултат 112:107.
Незапирливи во овој дуел за Тандер беа Ентони Дејвис и Леброн Џјмс. Дејвис го заврши мечот со 34 поени, додека ЛБJ имаше трипл-дабл учинок од 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Денис Шродер го заврши натпреварот со 31 поен.
Голден Стејт Вориорс успеа да ја оствари својата трета победа сезонава во Мемфис Гризлис, каде славеа со резултат 95:114.
Алек Беркс го предводеше Вориос со 29 поени и осум скокови на овој натпревар, Глен Робинсон III забележа 20, исто како и Морант кај поразениот тим.
Одлична игра обезбеди Богдан Богдановиќ, кој го „изрешети“ кошот Феникс Санс во победата на Сакраменто Кингс со резултат 120:116.
Српскиот кошаркар промаши само три удари (11/14) и ги доведе Кингс до триумф со 31 поен и седум асистенции. Девин Букер, од друга страна, имаше 30 поени.
Резултати во НБА:
Мемфис – Голден Стејт 95: 114
Њу Орлеанс – Портланд 115: 104
Сакраменто – Феникс 120: 116
ЛА Лејкерс – Оклахома 112: 107