На селекторот на Словенија му „пукна филмот“, проблеми и по слетувањето во Скопје

Репрезентацијата на Словенија попладнево слета во Скопје. Нивниот лет доцнеше час и половина, бидејќи авионот имал технички проблеми, пренесуваат словенечките медиуми. Сепак проблемите за нив не завршиле. Имено, словенечката „Екипа“ пишува дека кога слетале во Скопје морале долго време да го чекаат својот багаж.

На селекторот Матјаж Кек му „пукнал филмот“. Наредил сите фудбалери да се качат во автобусот и го оставиле багажот, заминувајќи во хотел. Подоцна целиот багаж го подигнал дел од стручниот и техничкиот тим на репрезентацијата.

Мечот се игра утре вечер на арената „Тоше Проески“ со почеток во 20:45 часот.