Фудбал
На стадион максимум 25.000, Б. Дортмунд нема да прима невакцинирани навивачи
Германија донесе одлука колкав број навивачи ќе бидат дозволени на стадионите на натпреварите од новата сезона во Бундеслигата. Максималниот број фанови кои ќе добијат дозвола да бидат присутни на еден меч изнесува 25.000.
Германскиот бундеслигашки гигант Борусија Дортмунд, поранешниот европски првак од 1997 година се реши за драстична мерка во оваа пандемиска криза со ковид-19 да не дозволи влез на стадион на навивачи кои не се вакцинирани.
Кој сака да ги гледа натпреварите на стадионот БВБ во следната сезона во Бундеслигата, ќе мора да биде вакциниран против САРС-КоВ-2 или излечен од ковид-19.
Негативен тест нема да биде прифатен за влез на навивачките трибини.
– Вакцинацијата е единствениот клуч за враќање во нормала – рече првиот оперативец на клубот, Ханс-Јоаким Вацке.
Борусија Менхенгладбах ќе го пречека Баерн Минхен на првиот меч кој ќе означи старт на бундеслигашката сезона.