Други спортови
Надал: Многу важна победа за мене
Натпревар меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ потсети на деновите кога двајца тенисери водеа тешки и неизвесни борби.
Надал стигна до десеттото финале во римскиот мастерс со победа над Ѓоковиќ, каде што денеска за трофејот ќе се бори против минатогодишниот победник Александар Зверев.
„Битката беше тешка. Мислам дека имаше добар тениско ниво. Тоа беше комбинација на вештина и добри удари од мене и Ѓоковиќ. Ова беше многу важна победа за мене и јас сум многу среќен“, изјави Надал.
Тој се осврна и кон финалето.
„Треба да биде подготвен, да одиграм што подобро, тоа и ќе се обидам да го направам.“
Финалето е денеска во 16:00 часот.