Connect with us

Други спортови

Надал низ солзи: Не верував дека повторно ќе имам шанса да го освојам Австралија опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја коментираше победата над Матео Беретини (Италија) со 6:3, 6:2, 3:6 и 6:3, со која се пласираше во финалето на Австралија Опен.

„За мене многу значи пласманот во финалето. Мораме да му оддадеме почит на Беретини, тој е млад и станува се посилен од година во година. Беше на финалето на Вимблдон, сега стигна до полуфиналето во Австралија. Посакувам Матео се најдобро.Тој има светла иднина, освојувањето на 21. Грен слем турнир сега не ми е најважно, а самиот настап на Австралија опен ми значи повеќе од се.

Ова е неверојатен турнир на кој немав среќа да учествувам неколку пати поради повреди. Понекогаш имав тешки финалиња, како во 2012 година со Ѓоковиќ или во 2017 година со Федерер. Имав доволно среќа да го освојам овој турнир во 2009 година, но не мислев дека ќе имам шанса повторно да победам во 2022 година. Денеска ќе се обидам да уживам во пласманот во финалето, а во недела ќе дадам се од себе“, изјави Надал по мечот.

Во финалето Надал ќе се сретне со победникот од мечот Стефанос Циципас (Грција) – Даниил Медведев (Русија).

Доколку победи во финалето, Шпанецот ќе го прослави својот 21. Грен слем турнир во кариерата и ќе постави нов рекорд. Моментално, Шпанецот заедно со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ имаат по 20 титули.