Connect with us

Други спортови

Надал се повлече од Мастерсот во Лондон

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повлече од Мастерсот во Лондон, поради обновената повреда на десното коленo.

Прес-службата на натпреварот потврди дека најдобриот играч во светот не е во можност да продолжи со натпреварите во Лондон, па на негово место ќе биде резервата Пабло Карењо Буста.

Надал синоќа во 1. коло од групата „Пит Сампрас“ за првпат во кариерата беше поразен од Белгиецот Давид Гофан (2-1).

Учеството на Шпанецот во Лондон беше под прашање речиси до последен момент. Тој го пропушти и Мастерс во Париз поради проблеми со коленото.