Connect with us

Фудбал

Најбараниот фудбалер во Италија: Не сум Пирло, инспирација ми е Модриќ

Најбараниот фудбалер во Италија Сандро Тонали, кој игра за Бреша, вели дека не е добра споредбата помеѓу него и Андреа Пирло, барем што се однесува до играњето на теренот.

-Мислам дека споредбата со Пирло не е примерна. Да се имаат физички сличности е едно, но на теренот сличностите се сосема други. Можностите на Пирло не можат да се опишат и не знам дали воопшто некој фудбалер ќе ги достигне. Лично на мене инспирација ми е Лука Модриќ, уметник со топка, играч од кој се обидувам да научам нови работи, вели 19-годишниот Тонали.

Интерес за него има од сите големи италијански клубови, Јувентус, Интер, Милан, а веќе е дел од репрезентацијата на Италија, односно од составот на Роберто Манчини.

Првиот човек на Бреша рече клубот кој го сака во своите редови треба да плати 300 милиони евра. Но, тоа е претерана сума.

-Претседателот на клубот ме сака како сопствен син, а јас го сакам него бидејќи ми дава многу важни совети. Што се однесува до цената од 300 милиони евра, не знам тоа се многу пари, а малку шокантно звучи. Јас сум смирен, не се оптоварувам со информациите за трансфер. Сакам да ја завршам сезоната најдобро што можам и да и се одолжам на Бреша која веруваше во мене, вели Тонали.

Италијанските медиуми веќе на големо пишуваат дека младиот фудбалер за врска од идната сезона ќе има нов клуб, но дали тоа ќе биде Јувентус или Интер останува да се види.