Фудбал
Најбизарниот пенал досега (ВИДЕО)
Фудбалерите на АБЦ и Маранхао ги поделија бодовите во 1. коло од бразилскиот Копа до Нордесте играјќи нерешено 2:2, а играта ја одбележа потегот на Јан Балдез. Имено, играчот Маранхао сакаше да му честита на својот голман што спаси една топка и им донесе победа, но неговиот потег сега го обиколи светот и влезе во категоријата на побизарните. Јан Балдез случајно ја допре топката која ја држеше голманот на споменатиот клуб, а судијата не се двоумеше да ја досуди најстрогата казна – пенал.
Се играше 95. минута и Маранхао водеше со 2:1 на гостински терен против АБЦ, но поради бизарен пенал резултатот заврши 2:2.
Бразилските медиуми пишуваат дека никој не разбрал зошто судијата го досудил пеналот, а ни навивачите на АБЦ не можеле да поверуваат што се случува на теренот.