Други спортови
Најбрз и на квалификациите – пол позиција за Рикардо
Покрај тренинзите, Даниел Рикардо доминираше и на квалификациите за утрешната трка, и ја освои пол позицијата за големата награда на Монако.
Возачот на Ред Бул го извози најбрзиот круг за 1:10.810. Покрај него, од второто место на утрешната трка ќе стартува возачот на Ферари, Себастијан Фетел кој на денешните квалификации постигна време од 1:11.039.
Луис Хамилтон со време од 1:11.232 утрешната трка ќе ја започне на третата позиција.
Кими Раиконен ја освои четвртата позиција (1:11.266), а петтата му припадна на Валтери Ботас (1:11.441).
