Connect with us

Други спортови

Најдобрата скијачка на сите времиња заплака пред камера поради своето момче, излета со брзина од 145 км/ч (ВИДЕО)

Американката Микаела Шифрин во вторникот славеше на слаломската трка под рефлектори во Флахау, Австрија и низ солзи му ја посвети победата на тешко повреденото момче, норвешкиот скијач Александар Аамдот Килде. Килд ќе го пропушти остатокот од сезоната откако го измести рамото во страшната несреќа минатата недела за време на спустот од Светскиот куп во Венген, и тоа беше многу стресно за Шифрин.


“Во моментов сум многу емотивнa. Последните три дена беа исклучително стресни. Многу сум гордa на себе и благодарнa на целиот тим. Сега само сакам да му се јавам на Алекс “, низ солзи изјави најдобрата скијачка на сите времиња.

“Морав повторно да се ресетирам и да се фокусирам на тркањето, а срцето ми е со него. Многу е болно да гледаш како љубовта на твојот живот удира во заштитната ограда со 145 км/ч. Навистина не е убаво чувството, рече Шифрин, која му се јави на Килде пред новинарите и му посака добра ноќ.