Фудбал
Најдобриот играч во Премиер Лигата, Кевин Де Брујн, добива нов „богат“ договор
Кога станува збор за изборот на играчот на сезоната на Сити, Кевин Де Брујн е моментално тој играч.
Белгиецот е незаменлив кај Пеп Гвардиола, со што многумина веруваат дека Де Брујн е најдобар во Премиер Лигата .
26-годишниот КДБ е под договор со „граѓаните“ до 2021 година, но темата околу нов договор постојано се врти.
Ман Сити се подготвени да му понудат на Де Брујн договор од 1 милион фунти месечно за неговиот долгогодишен потпис.
Во понудата може да се види зголемување на платите на Де Брујн од 200.000 фунти неделно до 250.000 фунти неделно.
Де Брујн, исто така, беше номиниран за Златната топка за 2017 година, но неговиот агент не му даде на својот клиент голема надеж за преземање на главната награда:
Тој не може да очекува да ја освои златната топка во моментов, тој е сеуште далеку од фудбалерите како Меси и Роналдо. Сè зависи од тоа колку може да постигне со Сити, сега сеуште има голема разлика.