Connect with us

Тајмаут

Најголемиот трагичар на Интер, откако му „подари“ титула на Милан, остана и без девојка, му ја „украде“ фудбалерот на Челзи

Во животот има и добри и лоши периоди, а за романскиот голман Јонут Раду сегашниот е толку лош што повеќе би сакал да го преспие.

Раду се „прослави“ на мечот меѓу Болоња и Интер каде практично со голема грешка му оневозможи на неговиот тим да ја одбрани титулата и му дозволи на Милан да се врати на првото место и на крајот да го освои Скудетото.

Раду на тој меч застана на голот наместо искусниот Самир Хандановиќ, но при резултат 1:1 го чинеше Интер голема грешка и важи за еден од најголемите трагичари во минатата сезона, иако тоа беше еден од ретките натпревари на кои доби шанса да застане на голот.

Но, тоа не е единствената лоша работа што му се случи на Раду оваа година. Италијанските медиуми претходно пишуваа за неговата врска со поранешната италијанска мисица Каролин Страмаре, која ја нарекуваат Италијанката Меган Фокс.

Моделот сега е фотографиран во друштво на фудбалерот на Челзи, Маркос Алонсо (31), кој решил летниот одмор да го помине со група пријатели на познатиот пиринејски остров Ибица.

Каролина Страмаре е успешна манекенка во Италија и важи за една од најубавите жени во таа земја. Младата жена е успешна и на социјалните мрежи, па на својот Инстаграм профил има над 414 илјади следбеници, а за секоја објава собира десетици илјади лајкови.

Раду дефинитивно е човек кој нема среќа, летово го напушта Интер и не може да најде нов клуб. Се чини дека човекот го следат пцовки, но нема сомнеж дека ќе дојдат неговите пет минути.