Connect with us

Тајмаут

Најлудиот старт на сите времиња: Гола девојка се појави во центарот и ги остави сите во шок (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Унгарија и Колумбија, кој се одигра на 2 јуни 1990 година, го донесе најлудиот старт на сите времиња.

И додека стартните натпревари најчесто ги изведуваат познати личности или луѓе кои тоа го заслужуваат, Унгарците пред 32 години поради некоја причина одлучија да го изведат гола девојка.

На задоволство на сите, таа се појави гола и само во долна облека. Таа го изведе почетниот удар, а нејзиното присуство најмногу го израдува легендарниот Карлос Валдерама.

Славниот Колумбиец не го тргаше погледот од згодната Унгарка која се појави на теренот. Тој ја следеше со поглед кон самиот излез од стадионот, а публиката беше во транс.

Причината поради која голата девојка излезе на терен е едноставна. Се славеше падот на комунизмот и во Унгарија се славеше Денот на слободата на жената и на овој начин решија да го прослават.

Ова е дефинитивно најлудиот старт на сите времиња и нешто што никогаш повеќе нема да се повтори на зелениот терен.

Што се однесува до натпреварот, Колумбија го загуби овој натпревар со 3:1.