Connect with us

Други спортови

Најсилната жена на светот се враќа во „кафезот“: Има 110 килограми и пука од мускули, никој не може да се бори со неа! (ВИДЕО)

Габриел Гарсија (38), една од најсилните жени на светот, ако не и најсилната, објави дека по шестгодишна пауза се враќа во ММА. Бразилката беше незапирлива кога и да беше во рингот или октагонот, ништо во меѓувреме не се смени, а сега има проблем кога ќе се врати бидејќи никој нема да се бори со неа. Во ММА, Гарсија имаше перфектен скор од шест победи од исто толку борби, но кога противниците ќе видат дека таа е висока 187 сантиметри и преку 110 килограми и дека е неверојатно подвижна, на никој не му паѓа на памет „да се тепа“ со неа. Останатите боксерки велат дека е „преголема“ и дека нема смисла да се тепаат со неа, бидејќи не само што не веруваат дека можат да ја победат, туку и се плашат да не се повредат.

Advertisement