Тајмаут
Најубавата спортистка на светот го „уништи“ Инстаграм со разголени слики
Една од најубавите спортистки во светот, голферката, интернет ѕвездата и инфлуенсерката Пејџ Спиранац, привлекува огромно внимание со секоја објава што ја прави на социјалните мрежи.
Со своите разголени слики, Пејџ го „уништува“ Инстаграм и привлекува машки воздишки, а магазинот Maxim ја прогласи за најсекси жена на светот на почетокот на оваа година.
Популарната Американка, чии корени потекнуваат од овие простори, не беше успешна во спортската кариера, но и покрај ова, таа е една од најпопуларните во светот, а ја носи и титулата најубава.
Последен пат се натпреваруваше пред повеќе од шест години, во 2016 година, по што не се врати на теренот и го префрли фокусот на работата како инфлуенсер на Инстаграм.
Нејзините разголени објави стигнуваат до 3,6 милиони нејзини следбеници секој ден, а тој број постојано се зголемува, што не е чудно со оглед на нејзиниот изглед и провокативните објави.
Проценете сами дали навистина е достојна за титулата најсекси спортистка…