Фудбал
Напаѓач на Барселона кариерата ја продолжува во Турција
Напаѓачот на Барселона, Лук де Јонг би можел кариерата да ја продолжи во Турција. За него се заинтересирани Бешикташ и Фенербахче. Според „Мундо Депортиво“, самиот фудбалер се уште не одлучил дали ќе прифати ваков предизвик.
Како што е познато, Де Јонг е во сопственост на Севиља, но пред почетокот на сезоната се пресели на позајмица во Барса. Не успеа да се наметне во тимот, а по тренерската смена на Камп Ноу стана јасно дека Чави Ернандез нема намера да се потпира на него.
Де Јонг има можност и да ја заврши сезоната како трансфер во Кадиз. 31-годишниот Холанѓанец доби рок до денеска да му одговори на клубот од Андалузија, но тоа сигурно ќе биде негативно.
Од почетокот на сезоната, напаѓачот учествуваше на 12 натпревари во Ла Лига, на кои постигна само еднаш.