Connect with us

Фудбал

Напаѓач на Реал заработи 5 милиони евра за помалку од еден час игра

Реал Мадрид ја исфрли Барселона од Копа дел Реј со голема победа од 4-0 на гостувањето на Камп Ноу. Победа ја прослави и напаѓачот Маријано Дијаз, кој како и обично сезонава беше на клупата и не помина ниту една минута на теренот.

Оваа сезона Дијаз настапи на само осум натпревари и собра само 57 минути игра.

Центарфорот од Доминиканската Република му се приклучи на Реал од Лион во 2018 година. За него „Кралскиот“ клуб плати 21,5 милиони евра.

За тие пет години Дијаз запиша 81 натпревар и постигна 12 гола. Но, никогаш не играл помалку од оваа сезона. Го мачеа полесните повреди, но и тоа што Карим Бензема редовно играше. Но, дури и кога Французинот не беше во можност да игра, Дијаз не беше првиот избор да го замени.

За среќа на раководството на Реал, Дијаз влезе во последната година од договорот. Тој е врзан за клубот до ова лето, кога речиси сигурно ќе го напушти Сантијаго Бернабеу.

Неговата плата е повеќе од осум милиони евра бруто, што значи дека оваа сезона за неполн час игра заработил околу пет милиони евра.