Connect with us

Фудбал

Напаѓачот ги разочара фановите на Интер: Сакам во Барселона

Како што пишува каталонскиот весник „Спорт“, младиот напаѓач на Интер, Лаутаро Мартинез, наводно на раководството на „Нероаѕурите“ им ја соопштил одлуката дека сака кариерата да ја продолжи во Барселона.

Веќе извесен период се „вртат“ информациите дека Лионел Меси порчал на челните луѓе на Барса да го ангажираат младиот Аргентинец, кој има блескава сезона во Милано, а каталонскиот клуб е подготвен да ја активира откупната клаузула од 110 милиони евра.

Се шпекулираше дека Барселона воедно на Интер ќе му понуди неколку играчи како размена за Мартинез. Што ќе биде од сето ова и дали Интер ќе одолее на понудите на Барса, останува да се види.