Тајмаут
Наскоро започнува СП, претседателот на Сенегал зеде годишен одмор
Светското првенство се ближи кон почетокот, и судејќи по се, таму ќе биде вистинско возбудување, а во Русија се очекува пристигнување на разни делегации од целиот свет.
Во секоја земја, која има претставник на Мундијалот, владее права фудбалската треска, а претседателот на Сенегал, Маки Сал во четвртокот навечер објавил дека ќе земи 12 дена од годишниот одмор во јуни за да отиде и да ги следи „Лавовите“ на Светското првенство.
„Решив да одам 12 дена на Светското првенство, со цел да ги поддржам нашите момчиња, да види дека тие не се сами. Мислам дека имаме добри шанси, особено во групната фаза. Се надевам дека фудбалерите, секој натпревар ќе го играат како да е финале“, рече првиот човек на Сенегал .
Сенегалците ќе биде предводен од Мане, а првиот натпревар ќе го одиграат на 19 јуни против Полска, по што следат дуелите со Јапонија (24. јуни) и Колумбија (28. јуни).