Connect with us

Фудбал

НАТПРЕВАРОТ СУСПЕНДИРАН: Фотографија од емотивниот Меси и Нејмар го обиколи светот

Лионел Меси, капитенот на аргентинската репрезентација, и прва ѕвезда на Бразил, Нејмар, во неверување ги следеше случувањата на теренот во Сао Паоло.

Спектаклот помеѓу Бразил и Аргентина беше прекинат по десет минути игра откако полицијата од Бразил влезе на теренот со цел да уапси четворица аргентински фудбалери.

Нејмар и Меси со неверување го следеа развојот на ситуацијата, а фотографијата на која двете ѕвезди се една до друга и се држат за глава за кратко го обиколи светот.

Иако имаше надеж дека натпреварот може да продолжи, наскоро беше објавена одлуката дека двата тима нема да го продолжат својот дуел.