Фудбал
Навивач на Брентфорд е приведен по натпреварот против Манчестер Сити
Навивач на Брентфорд е уапсен по мечот против Манчестер Сити во средата поради расизам и хомофобија против противнички играч, потврди во неделата клубот од Премиер лигата.
„Го следиме инцидентот во средата вечерта, кога еден симпатизер на Брентфорд беше приведен поради наводни навреди кон играч на Манчестер Сити. Сега работите се во рацете на полицијата. Може да има дополнителни санкции од нас“, велат од клубот од Лондон.
Манчестер Сити го победи дебитантот во елитата со 1:0, а навивачот на Брентфорд нема да присуствува на натпреварите за време на истрагата за инцидентот.