Connect with us

Тајмаут

Навивачите на Ливерпул бесен: Астрономски цени на билетите за финалето на црниот пазар

Љубителите на најважната споредна работа во светот со нетрпение ја чекаат саботата и финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул во Киев.

Капацитетот на Олимпискиот стадион во Киев за финалниот меч на Лигата на шампионите изнесува 63.000 места, а потрагата по карти за овој натпревар го достигна речиси врвот. Имено, навивачите на Ливерпул се жалеа на лидерите на клубот дека повеќето карти што припаѓале на Ливерпул завршиле на црниот пазар.

Неверојатно е дека картите за одделни делови на трибините, на црниот пазар чинат 20 пати повеќе од реалните цени. Ливерпул добил 16.626 билети, а секој трет навивач купил карта,  за подоцна да може да заработи од неа.

Интересно, на црниот пазар, билети за категорија 1 чинат од £ 7,878 до £ 8,753. Ако сакате билет за ВИП категорија, тогаш мора да одвоите 8.834 фунти, а за подобра позиција во ВИП, цената оди и до 14.716 фунти. Најскапите билети за категоријата 2 чинат речиси 15.000 фунти.

Од Ливерпул им порачаа на навивачите дека не треба да купуваат билети на таков начин, но исто така ги советувале да не патуваат ни случајно во Киев, доколку не си обезбедат билет за натпреварот.