Connect with us

Тајмаут

Навивачка на Бразил починала за време на прославата на триуфот над Србија

Навивачка на бразилската фудбалска репрезентација го загуби животот за време на прославата на победата над Србија, објавија локалните медиуми.

Трагедијата се случила кога 30-годишната Тамра Мајочи го следела натпреварот со пријателите во Итачиба (држава Сао Паоло). Кога друштвото го прославувало успехот на „кариоките“, жената сакала да седна на каучот со чаша вино. Одеднаш таа изгубила рамнотежата, се обидела да се фати за масичката за да не падне, но таа се лизна и падна на скршено стакло. Парчиња од стаклото и го пресекле вратот што предизвикало фатален исход.

Бразил во средата вечер ја победи Србија со 2:0 и се пласира во осминафиналето.

Светското првенство 2018 се одржува во Русија од 14 јуни до 15 јули.