Поврзи се со нас

Ракомет

НБА-драфтот ќе биде целосно онлајн настан

Бристол, 23 октомври 2020 (МИА) – Драфтот на НБА закажан за 18 ноември, ќе биде целосно онлјан настан, објавија НБА и ЕСПН телевизијата, која ги поседува телевизиските права.

Изборите во првиот круг ќе ги објави комесарот на лигата Адам Силвер, а неговиот заменик Марк Татум ќе го преземе вториот круг. Двајцата ќе бидат домаќини на настанот од студиото во Бристол, Конектикат, а играчите ќе бидат прикажани со видео врска од нивните домови.

Драфтот во Националната фудбалска лига (НФЛ) беше идентичен, но комесарот Роџер Гудел ги најави изборите од дома.

Минесота Тимбервулфс го има првиот избор во драфтот и локалните аналитичари ги сметаат бекот Ентони Едвардс, бек-шутерот Ламело Бол и на центарот Џејмс Вајсман како најверојатно први три пика.

loading...

Facebook