НБА натпревар за прв пат ќе се одигра во азиска држава

За прв пат во историјата, две НБА екипи ќе играат во Индија. Станува збор за Индијана и Сакраменто, кои на 4 и 5 октомври ќе одиграат два пријателски натпревари во Мумбаи.

Ова е првпат НБА натпревар да слета во азиската држава и покрај тоа што се работи за два пријателски натпревари, подготвителни за новата сезона. Ова потврдува дека НБА се повеќе му пристапува на светот и станува се по глобална.