Connect with us

Фудбал

Не е печатна грешка: Јувентус го носи Карлос Алкараз!

Славниот италијански клуб Јувентус во своите редови го носи Карлос Алкараз (21). Да, добро прочитавте. Секако, не станува збор за славниот тенисер, туку за фудбалерот на Саутемптон кој не само што е имењак  на популарниот шпански тенисер, туку се и врсници со оглед на тоа дека аргентинскиот фудбалер е само шест месеци помлад од поранешниот најдобар тенисер во светот.

Како што пренесува Фабрицио Романо, Алкараз го завршил првиот дел од лекарските прегледи во Лондон, а останува само да го прегледаат лекарите во Торино. Играчот од средниот ред на Саутемптон ќе пристигне во Јувентус на позајмица до крајот на сезоната, а Старата дама ќе може да го откупи за 40 милиони евра. Алкараз минатата година пристигна во Саутемптон од аргентинскиот Расинг.