Connect with us

Фудбал

„Не го сакам Меси во својот тим, тој е суперстар во мрзливост“

Договорот на Лионел Меси со ПСЖ истекува во јуни и сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Пред Аргентинецот се неколку опции, но засега официјално има само понуда од ПСЖ за продолжување на соработката. Освен ПСЖ, интерес за Меси покажаа клубови од САД и Саудиска Арабија.

Турки Ал Дабаан, газдата на осмопласираниот клуб во саудискиот шампионат, даде изјава за телевизискиот канал „SBC“ која веднаш одекна во јавноста.

„Во мојот тим не сакам да имам играч од светска класа кој е заситен од сè и само гледа како се случува натпреварот околу него. Како што беше против Баерн“, рече Ал Дабаан.